Хачанов избори полуфинале во Мелбурн


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Рускиот тенисер Карен Хачанов беше подобар од Американецот Себастијан Корда со 7-6, 6-3 и 3-0 за пласман во полуфинале на Австралијан опен.

Хачанов го обезбеди второто полуфинале на гренслем-турнирите, а за финале ќе се бори против подобриот од мечот меѓу Стефанос Циципас и Јиржи Лехечка.

Русинот го доби првиот сет во тај-брејк со 7-5, по што следеше одлична игра во вториот сет за 6-3, а на крајот Корда мораше да го предаде дуелот при 0-3.