Јокиќ добива засилување за напад на титулата во НБА


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот српски кошаркар во НБА-лигата, Никола Јокиќ ќе добие уште едно засилување во напад на титулата.

Новинарот Шамс Чараниа објави дека дресот на Денвер нагетс наскоро ќе го облече искусниот плејмејкер Реџи Џексон.

Џексон во последниот ден од преодниот рок беше трејдуван во Шарлот хорнетс, но тој договорил прекин на договорот и сака да потпише за Денвер.

Искусниот плејмејкер ја почна кариерата во Оклахома, а потоа се пресели во Детроит, каде што важеше за еден од главните кошаркари во екипата.