Реал Мадрид плаќа над 100 милиони евра за колега на Елмас!?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид бара засилувања за следната сезона, откако во јануари не беше активен и не купи нови фудбалери кои ќе помогнат во вториот дел од сезоната.

Шпански „АС“ пишува дека „кралевите“ се заинтересирани за грузискиот фудбалер Квича Кварацхелија кој го носи дресот на Наполи и досега постигна 12 гола на 24 меча.

Кварацхелија привлече голем интерес со неговите настапи, а претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис бара над 100 милиони евра за негов трансфер.

Наполи во моментов игра одлично и се наоѓа на добар пат да го освои скудетото по долга пауза.