Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ се појави на прес-конференција пред мечот против Ливерпул во осминафиналето на Лигата на шампиони (ЛШ).
Модриќ даде коментар дека играл лошо по враќањето од Светското првенство (СП).
„Играм сè подобро по Мундијалот, кој остави трага на мене. Згрешив што почнав да играм веднаш за Реал по враќањето од Катар. Требаше да земам одмор за да се рехабилитирам, но сега се чувствувам подобро“, кажа Модриќ.
Хрватот зборуваше и за неговиот договор кој завршува за четири месеци.
„Кога станува збор за договорот, тоа сакам да го заслужам, а не да ми се подари затоа што сум легенда“, вели Хрватот.