Џон Џонс за само две минути го понижи Ган (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Легендарниот борец Џон Џонс славеше против Сирил Ган во битката за шампионскиот појас во тешка категорија во Лас Вегас.

Џонс по три години се врати во УФЦ, а делуваше како да не пропуштил ниту ден, па по само две минути го совлада противникот.

Американецот најави борба против Стипе Миочиќ, а тој веднаш одговори и го прифати предизвикот од Џонс.