Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лондонскиот гигант Челси славеше со 2-0 против Борусија Дортмунд во реваншот од осминафиналето во Лига на шампиони (ЛШ) и се пласира во следното коло.
Избраниците на Грем Потер беа одлични на теренот и почнаа со закани кон голот на Дортмунд уште од самиот почеток, а Феликс, Хаверц и Стерлинг не успеаа да го матираат Мејер на стартот на првиот дел.
Стерлинг, сепак, го матира Мејер во 43. минута за водство од 1-0, по што водството на „сините“ го зголеми Хаверц од пенал во 53. минута.
Дортмунд се бореше за гол до самиот крај на мечот, но Челси одлично се бранеше и избори место во четвртфиналето на ЛШ.