Италија има најмногу екипи во четвртфинале на ЛШ


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Наполи е последниот италијански клуб кој обезбеди место во четвртфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), откако со вкупни 5-0 го елиминира Ајнтрахт Франкфурт.

Италија има најмногу екипи во четвртфиналето на елитното натпреварување, а такво нешто не се случило одамна со оглед на падот кој го имаа калчолигашите во изминатите години.

Серија А има три екипи, по што Премиерлигата има два тима, а по еден имаат Шпанија, Португалија и Германија.

Екипите кои ќе играат во четвртфинале се Манчестер Сити, Челси, Интер, Милан, Баерн Минхен, Наполи, Реал Мадрид и Бенфика.