Будуќност загуби од Борац, па го избрка Јовановиќ!

Екипата на Будуќност загуби на домашен терен од Борац, по што реши да го избрка Владимир Јовановиќ.

МЗТ Скопје синоќа испадна од АБА-лигата, иако се надеваше дека Будуќност нема да загуби од Борац, но се случи спротивното.

Од поразот настрада македонската екипа, но и тренерот Јовановиќ.

„Будуќност сака да ја извести јавноста дека клубот се раздели со досегашниот шеф на стручниот штаб, Владимир Јовановиќ“, пишува во соопштението.