Реал Мадрид ќе ангажира дете на Барселона


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид планира идното лето да ангажира неколку фудбалери, а меѓу нив на листата со желби се наоѓа и детето на Барселона, Дани Олмо.

Олмо игра во екипата на Лајпциг, а тренерот Карло Анчелоти сака од идната сезона да го има во својот тим и поради тоа „кралевите“ ќе платат меѓу 70 и 75 милиони евра за негов трансфер.

Младиот фудбалер во минатото играше за Барселона, од каде што во 2014 година се пресели во Динамо Загреб, по што Лајпциг го купи за 29 милиони евра во 2020 година.

Олмо игра одлично од преселбата во Бундеслигата, па наскоро го чека исчекор во кариерата и следен клуб би можел да биде Реал Мадрид.