Додик кажа тешки навреди за Ѓоковиќ и неговото семејство (Видео)


Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓


Политичарот во Република Српска, Милорад Додик беше снимен како се жали од семејството Ѓоковиќ и зборува погрдни работи за тенисерот Новак Ѓоковиќ.

Семејството Ѓоковиќ го организираше турнирот во Бања Лука заедно со локалните власти предводени од Додик.

Додик бил на гостување во „РТС“, а во неофицијалниот дел кој не одеше на ТВ, политичарот без влакно на јазикот зборуваше против Ѓоковиќ, по што се извини.

„Морам да кажам дека овие Ѓоковиќ се тешки, пи*ка му мајчина. Нашите луѓе целиот настан го туркаа на емоции, но кога ќе влезеш во бизнис со нив, тоа е тешка циганија. И нивните соработници, ужас“, кажа Додик.