Белингам избрал нов клуб – ќе потпише за Реал Мадрид


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Англискиот репрезентативец Џуд Белингам договорил трансфер во Реал Мадрид, објави „Марка“, а детали има познатиот новинар Фабрицио Романо.

Иако со трансфер на Белингам се поврзуваа Ливерпул и Манчестер сити, сепак Белингам решил дека најдобро решение за неговата иднина е „кралскиот клуб“.

Реал го убедил Белингам да потпише договор до 2029 година, а за неговиот трансфер ќе плати околу 120 милиони евра.

Претставниците на шпанскиот гигант наскоро ќе заминат во Дортмунд, каде што треба да се комплетира трансферот на Белингам, кој ќе им се приклучи на новиот соиграчи по завршување на сезоната.