Пред 14 години се создаде „Уефалона“ – ова е најголемата кражба во историјата на ЛШ (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На 6 мај 2009 година Челси во реваншот на полуфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ) ја пречека Барселона, а притоа се случи најголемата кражба во историјата на елитното натпреварување.

Есиен постигна гол за водство на Челси во деветтата минута, а премиерлигашот беше на праг до финале сè до 93. минута кога Иниеста погоди за 1-1.

Сепак, Иниеста не е најзаслужен за елиминацијата на Челси, туку тоа го направи норвешкиот судија Том Хенинг Овребо, кој пропушти да досуди неколку пенали за лондонскиот гигант.

Четири пенали не досуди судијата од Норвешка, по што во еден момент Балак и Дрогба го бркаа Овребо кој добиваше закани и по животот од навивачите.