Ферстапен по триумфот во Мајами: Ова беше добра и чиста трка за мене


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен славеше на трката за Големата награда на Мајами, а по уште една доминација ја пофали страгетијата на неговиот тим.

Возачот на Ред Бул на улиците на Мајами ја запиша третата победа оваа сезона, односно 38. во кариерата, откако тргна од деветтото место.

„Ова беше добра и чиста трка за мене. Многу долго останав на тврди пневматици и мислам дека тоа направи разлика, а на крајот можевме да видиме и борба со Перез“, кажа Ферстапен.

Ферстапен по пет трки е повторно во добра позиција да ја одбрани титулата во Ф1.