Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Маурицио Покетино од следната сезона ќе го предводи Челси, а веќе почна да мисли на летниот преоден рок и пронајде уште едно засилување.
Газдата Тод Боели планира да инвестира пари во засилување на екипата, а една од позициите е голманската каде што ќе пристигне нов чувар на мрежата.
Покетино разговарал со управата на Челси и одобрил во клубот да се ангажира голманот на Интер, Андре Онана.
Кепа Аризабалага имаше добри настапи оваа сезона, но и покрај тоа многу пати беше совладан, додека Едуард Менди ги разочара сите во клубот и затоа ќе замине летово.