Челси ќе може повторно да сонува за титули под водство на Покетино


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Маурицио Покетино доаѓа во Челси по крајот на актуелната сезона со цел да изгради квалитетен тим кој ќе може да се бори за титули во следната сезона.

Челси има една од најлошите сезони во поновата историја, а ниту инвестицијата од 600 милиони фунти во трансфери не донесе добар резултат.

Тод Боели ги научи лекциите од неговите претходни потези во Лондон, па сега со Покетино сака повторно да го врати сјајот на гигантот.

„Покетино има искуство да се соочи со предизвиците во Премиерлигата, како што тоа го направи во претходните екипи кои ги водеше, а вистинска револуција направи и во Тотенхем“, пишуваат англиските медиуми.