Листа за „отстрел“: Покетино ќе избрка 15 фудбалери од Челси


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Маурицио Покетино е нов тренер на Челси и летово ќе има доволно време да изгради екипа со која ќе го нападне трофејот во Премиерлигата.

Челси имаше ужасна сезона која ја заврши на 12. место, па Покетино го чека тешка мисија следната сезона, но тој веќе ги преземал работите во свои раце.

Покетино ја соопшти листата од 15 фудбалери за отстрел од клубот и сака да заработи 280 милиони фунти од нив, а потоа да ги искористи за нови засилувања.

Англиските медиуми пишуваат дека Покетино сака нов голман, фудбалер за врска и напаѓач со кои Челси треба да изгледа постабилно во сезоната 2023/24.