Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ славеше во првото коло против Александар Ковачевиќ, па напиша порака „Косово е Србија“ на камерата.
Тоа предизвика бурни реакции и барања за казна на Србинот, но организаторите на Ролан Гарос соопштија дека Ѓоковиќ не прекршил ниту едно правило.
„Ме боли тоа што се случува со Србите на Косово. Ова е најмалку што можам да направам. Можеби ќе ме казнат поради оваа порака, но би го повторил тоа. Јас сум против војна и конфликти. Ситуацијата во Косово е преседан“, вели Ѓоковиќ.