Познати се деталите: Белингам е нов играч на Реал Мадрид


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Реал Мадрид постигна договор со Борусија Дортмунд за трансферот на Џуд Белингам, кој се очекува да биде потврден во следните денови.

Белингам во следните денови треба да ги помине медицинските прегледи, по што ќе потпише договор до 2029 година, а Борусија за трансферот ќе заработи 100 милиони евра.

Англискиот репрезентативец играше за Дортмунд од 2020 година, кога пристигна од Бирмингем за 25 милиони евра.