Чави добива големо засилување од Баерн Минхен!?

Барселона долго време се трудеше да го добие потписот на Лионел Меси, но на крајот ја загуби битката за аргентинскиот репрезентативец.

Чави Ернандез веќе мисли на други засилувања, а изборот паднал на Џошуа Кимих од Баерн Минхен.

„Разговарав со Кимих во Катар, се сретнавме и ми кажа дека е мој фан. Дали може да дојде во Барселона? Има договор со Баерн и тоа зависи од него. Видовте како се одвиваше ситуацијата со Левандовски, тој сакаше да дојде во Барселона“, кажа Чави.