Сабаленка доби виза за да игра на Вимблдон


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Тенисерите и тенисерките од Русија и Белорусија минатата година имаа забрана за настап на Вимблдон, но тие оваа година се поканети на турнирот со услов да не ја поддржуваат војната.

Втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка откри дека добила британска виза и ќе игра на Вимблдон.

„Имам виза. Неверојатно. можам да прославам. Ќе играм на Вимблдон и ова е одлична вест за мене. Ми недостигаше Вимблдон минатата година, па сега едвај чекам да заиграм на турнирот“, кажа Сабаленка.

Сабаленка во моментов е на втората позиција на ВТА-листата, а вчера загуби од Мухова во полуфиналето на Ролан Гарос.