Ивановски скокна за 50 позиции и се наоѓа во топ-400


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски забележа нов напредок на АТП-листата, откако скокна за 50 позиции и стигна до 362. место во светот.

Ивановски за првпат во кариерата стигна до топ-400 тенисери во светот, а напредокот го забележа благодарение на триумфот на турнирот во Скопје, кој му донесе 24 бода.

Втор македонски тенисер на ранг-листата е Обрад Марковски, кој се наоѓа на 1154. место со седум поени, додека Горазд Србљак е три позиции пониско од Марковски.