Стевановиќ не можела да престане да плаче поради Ѓоковиќ

Српската тенисерка Наталија Стевановиќ стана сензација на Вимблдон, откако оствари неколку добри победи, но вчера загуби од Петра Квитова.

Стевановиќ имала средба со Новак Ѓоковиќ по поразот од Квитова и добила пофалби од најдобриот тенисер во историјата, по што почнала да плаче.

Наталија по Вимблдон ќе има скок од над 80 места на ВТА-листата и ќе биде во топ-150 по завршување на Вимблдон.

„Не можев да ги запрам солзите. Само што загубив и седнав на велосипед, тој дојде и ми кажа – браво. Ноле ме тешеше и ми велеше дека сум постигнала добар резултат, не можев да ги сокријам емоциите“, раскажува Стевановиќ.