Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа оствари уште една победа на турнирот во Рим, откако во второто коло ја совлада Жибек Куламбајева со 2-1 во сетови.
Ѓорческа по два часа и седум минути славеше со 4-6, 6-2 и 6-3 против Куламбајева и направи уште еден чекор напред на турнирот со што ќе освои нови бодови за напредок на ВТА-листата.
Македонската тенисерка утре ќе се соочи против Сеоне Мендез од Австралија.