Ѓорческа со пресврт обезбеди полуфинале во Рим


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра во полуфинале на турнирот во Рим кој се игра за награден фонд од 60.000 долари.

Ѓорческа ја надигра Сеоне Мендез од Австралија, која воопшто не беше лесен противник затоа што го освои првиот сет со 6-3, но потоа тенисерката од Тетово со 6-2 и 6-4 го реши мечот во своја корист.

Македонската тенисерка во финале ќе игра против победничката од дуелот меѓу Дестане Ајава и Ралука Георгиана Србан.