Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонија го освои сребрениот медал на младинското кошаркарско Европско првенство (ЕП), а центарот на нашата репрезентација, Теодор Симиќ доби големо признание.
Симиќ беше избран во идеалниот тим на првенството, кое го заврши со просек од 16 поени, 9,1 скокови и 2,9 асистенции.
Во идеалниот тим беа избрани и Ондреј Свец и Ондреј Хустак од Чешка, Феликс Бростом од Шведска и Олександр Кобзистји од Украина.
МВП-наградата му припадна на чешкиот кошаркар Свец.