Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Грузискиот репрезентативец и еден од најдобрите фудбалери на Наполи, Квича Кварацхелија би можел да го напушти тимот од Серија А.
Кварацхелија минатото лето го засили Наполи за само 11,5 милиони евра, а зад себе има одлична сезона и сега екипата од Неапол би можела да го продаде за 82 милиони евра.
„Кориере дело Спорт“ објави дека Наполи ќе ја прифати понудата од Њукасл, кој гради моќен тим за идната сезона во која ќе игра во Лигата на шампиони (ЛШ).
Њукасл веќе се засили со Сандро Тонали од Милан, а во следниот период планира да купи уште неколку играчи.