Харден сака да си замине од Филаделфија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Американскиот кошаркар Џејмс Харден не сака да остане во Филаделфија и следната сезона, иако клубот соопшти дека сака да го задржи.

Харден не сака да игра за Филаделфија и подготвен е на сè само за да замине од тимот. Ова не е првпат да се однесува на сличен начин, зашто такво нешто направи и додека играше за Хјустон.

„Брадата“ има плата од 35,6 милиони долари годишно и таа е превисока за заинтересираните тимови кои не сакаат да му дадат толку пари.

Најмногу интерес за „брадата“ постои од Лос Анџелес клиперс, меѓутоа франшизата ќе мора да се ослободи од Каваи Ленард или Пол Џорџ.