Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Реал Мадрид славеше со 1-0 против Селта во третото коло од шпанската Ла Лига, а стрелец на голот беше Џуд Белингам.
Првото возбудување се случи во четвртата минута, кога Странд Ларсен постигна прекрасен гол, но ВАР-технологијата го поништи погодокот.
Хоселу во 43. минута погоди за „кралевите“, но неговиот гол беше поништен поради офсајд, а во продолжение следеа неколку шанси на двете страни, но единствениот гол го постигна Белингам.
Ова беше трета победа за „кралевите“ во исто толку натпревари и тие се први на табелата со девет бодови, додека Селта останува на 16. место со еден бод.
Реал во четвртото коло ќе се соочи против Хетафе.