Мега-трансфер во Англија: Чудото од дете на Ајакс се сели во Премиерлигата


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Талентираниот фудбалер Мохамед Кудуз од Ајакс реши да се пресели во Премиерлигата, каде што во иднина ќе го носи дресот на Вест Хем.

Кудуз денеска треба да ги помине медицинските прегледи во Лондон и ќе потпише петгодишен договор со познатиот англиски тим, кој ќе плати 45 милиони евра за неговиот трансфер.

Иако во минатото имаше проблеми со повреди, сепак настапи на 87 меча и постигна 27 гола и 12 асистенции за тимот од Амстердам.

Во четвртокот во плејофот на Лига Европа постигна хет-трик во победата против Лудогорец (4-1) и така го одигра последниот меч за Ајакс.