Белингам откри што се случило по голот за победа: Нозете ми се отсекоа (Видео)


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Реал Мадрид со многу мака вчера славеше против Хетафе со 2-1 во четвртото коло од шпанската Ла Лига, а херој повторно беше Џуд Белингам.

Белингам постигна гол за поебда, но тоа што го доживеал на „Сантијаго Бернабеу“ ќе го памети додека е жив.

Англискиот репрезентативец откри што се случувало по голот за победа на „кралевите“.

„Кога слушнав навивачите како пеат, сакав да застанам и да ги слушам, зашто ми се отсекоа нозе во тој момент. Реал ме ангажира поради вакви моменти. секој пат кога ќе постигнам гол, чувствувам поддршка од навивачите“, вели Белингам.