Падна потпис во Милано: Инѕаги останува во Интер

Симоне Инѕаги ќе биде тренер на Интер барем уште една сезона, откако го продолжи договорот со „нераѕурите“ до 2025 година.

Инѕаги го наследи тимот во јуни 2021 година и потоа му донесе две титули во Купот на Италија, како и Суперкупот.

Интер играше пред неколку месеци и во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ), но загуби од Манчестер сити со 0-1.

Инѕаги, пред да се пресели во Интер, го тренираше Лацио од 2016 до 2021 година.