Адеми повторно во Динамо Загреб: Не се враќам веќе во Кина!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми се врати во Динамо Загреб по шестмесечната авантура во Пекинг Гуан од Кина.

Адеми го комплетира договорот и се враќа во Динамо, а очигледно планира да остане во клубот од Загреб.

„Немам намера да се вратам во Кина“, кажа Адеми.

Адеми дресот на Динамо го носеше од 2010 до почетокот на годината кога се пресели во Кина, освен сезоната 2011/2012 која ја помина во Локомотива Загреб.