Канада подобра од САД за бронза на СП


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кошаркарите на Канада го освоија бронзениот медал на Светското првенство (СП) и тоа е нивни прв историски медал, откако беа подобри од САД со 127-118 по продолженија.

Дилон Брукс и Шај Гилџус-Александер заедно постигнаа повеќе од половина поени за Канада, односно вкупно 70 поени.

Американците беа во негатива речиси цел натпревар, а потоа во финишот на регуларниот дел стигнаа до 111-111 и изборија продолженија, каде што Канаѓаните беа подобри.

Брукс го заврши натпреварот со 39 поени, четири скокови и пет асистенции, а Гилџус-Александер запиша 31 поен, шест скокови и 12 асистенции.