Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои Ју-Ес Опен и така стигна до 24. гренслем-титули во карирата, а со тоа покажа дека е најдобар тенисер во историјата.
Ѓоковиќ одамна ги урна рекордите на Роџер Федерер и Рафаел Надал, па на прес-конференција даде интересен одговор на едно новинарско прашање.
„Оставам на вас да процените дали заслужувам да сум дел од дискусијата за најдобар спортист во историјата. Факт е дека да не бев од Србија, пред многу години ќе бев прогласен за најдобар. Тоа е мое животно патување, благодарен сум што доаѓам од Србија, тоа ми дава сила и верба“, кажа Ѓоковиќ.