Белингам направи магија, но „бомбата“ на Валверде го израдува Реал Мадрид (Видео)


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Можеби најдобриот меч во досегашниот дел од Лигата на шампиони (ЛШ) вечерва се одигра во Неапол меѓу Наполи и Реал Мадрид (2-3).

Наполи прв стигна до водство по грешката на Кепа, а голот го постигна Остигард, но „кралевите“ израмнија преку Винисиус Жуниор.

Во 34. минута одличен гол постигна Џуд Белингам, кој ги воодушеви навивачите на шпанската екипа.

Наполи направи притисок во второто полувреме, а Зиелински од пенал израмни на 2-2, додека конечните 3-2 за Реал ги постави Федерико Валверде со вистинска „бомба“.