„Треба да ти биде чест да играш за Македонија, а не да кажуваш кој ќе биде селектор“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дарко Панчев во интервју за сајтот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) зборуваше за повеќе теми, а притоа кажа дека на фудбалерите треба да им биде чест да го носат дресот на репрезентацијата.

Панчев не спомена имиња, но јасно е дека мислеше на Стефан Ристовски кој поради несогласувања со селекторот Благоја Милевски реши привремено да се повлече од репрезентацијата.

„По тој период,мислам катастрофалниот пораз од Англија се случуваа неколку работи што не беа добри за соблекувалната.Некои играчи почнаа да си дозволуваат да дојдат до тоа ниво да кажуваат за тоа кој треба да биде тренер, а кој не. Секако дека тоа не е добро. Јас сум бил играч, јас сум бил капитен на репрезентацијата, никогаш не сум си дозволил да ми падне на памет да им кажам на овие од раководството на ФФМ, а бе знаеш кај сте го ставиле овој тренер, јас не играм додека е тој тука. Тоа е нешто нонсесн да размислуваш така, од каде тие идеи на тие играчи. Јас не разбирам навистина. Ти си викнат да играш за Македонија, треба да ти биде чест да играш за репрезентацијата“, вели Панчев.