Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) реши да ја провери казната за седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон кој небезбедно ја помина патеката.
Хамилтон во првиот круг на патеката во Катар испадна од трката по судирот со Џорџ Расел, а потоа помина преку патеката до боксот, по што доби предупредување и парична казна од 50.000 долари.
„ФИА напомена дека Луис се извини за време на следното сослушување и призна дека ја нарушил безбедноста со преминување на птеката. Сепак, со оглед на неговиот статус, кој треба да биде пример за останатите возачи, ФИА е загрижена за влијанието на неговите постапки“, соопшти федерацијата.
ФИА не сака да го издвои Хамилтон, но е загрижена поради неговиот потег и најверојатно ќе му изрече дополнителна казна.