Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нејмар се повреди во дуелот против Уругвај и го чека пауза од шест до девет месеци, а порака со поддршка пристигна од неговиот поранешен соиграч во ПСЖ, Лионел Меси.
Повредата на вкрстените лигаменти и менискусот значат и крај на сезоната на Нејмар за Ал Хилал, а Бразилецот најверојатно нема да игра ниту на Копа Америка.
Меси преку социјалните мрежи испрати кратка порака до Бразилецот и му посака побрзо да го надмине тешкиот период кој му следи.