Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ продолжи со одличните настапи и стана вистински лидер на Уникс Казан во ВТБ-лигата.
Димитријевиќ синоќа во победата против Уралмаш (94-67) постигна 12 поени и 14 асистенции, а притоа постави и личен рекорд.
Македонецот кажа дека е среќен поради успехот, но воедно откри и зошто го избрал Уникс пред евролигашите.
„Среќни сме што ја освоивме титулата. Последната сезона беше историска. Се надеваме дека и оваа сезона ќе бидеме одлични. Не се важни имињата на тимовите кои ме посакуваа. Најважно е тоа што сум среќен во Уникс, затоа и останав тука. Во Казан ме почитуваат и се чувствувам како дома“, кажа Димитријевиќ.