Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Освојувачот на македонскиот Куп, Македонија Ѓорче Петров денеска славеше со 1-0 против градскиот ривал Вардар и се пласира во четвртфинале.
Македонија ЃП го реши натпреварот во второто полувреме кога мрежата на Гачевски ја затресе Алији во 63. минута.
Работнички со неверојатен пресврт ја елиминира Шкендија од Купот. „Романтичарите“ први постигнаа гол преку Стојановски, но потоа следеа два гола на Цаке и Елези за пресврт.
Екипата од Дебар Маало во вториот дел ја презема контролата врз играта и со пресврт (3-2) преку Гандо и Мазари обезбеди четвртфинале во Купот.