Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Јулија Симон, која е светска шампионка во биатлон, украла кредитна картичка од колешка и плаќала при нарачка на производи од интернет.
Победничката на минатогодишниот Светски куп заврши во притвор во вторникот, откако против неа беше поднесена пријава од колешката Жастина Бријаз-Буше.
Буше ја обвини 27-годишната Симон дека нелегално ја користела нејзината банкарска картичка и потрошила околу 2.300 евра.
Симон си купувала производи од „ГоПро“, кои ѝ биле доставени на домашна адреса.
„Има купувања кои се направени со кредитна картичка со моето име, но денес и јас сум жртва на оваа ситуација. Моето име било користено без моја дозвола и знаење“, кажа Симон во август 2023 година.