Тенисерка се расплака поради Палестина: Тешко ми е да гледам како гинат деца и бебиња! (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Онс Жабер од Тунис синоќа оствари триумф против Маркета Вондрусова, а по мечот се расплака пред камерите поради случувањата во Палестина.

Жабер славеше против Вондрусова со 2-0 во сетови, односно 6-4 и 6-3, а по натпреварот зборуваше за воениот конфликт.

„Да бидам искрена, во последно време не сум среќна. Тоа што се случува во светот не ме прави среќна. Тешко е да се видат како гинат бебиња и деца. Решив дел од наградата да донирам за да им помогнам на најзагрозените. Не можам да бидам среќна со победата кога знам што се случува во светот“, вели Жабер.