Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан во петтото коло од групната фаза на Лигата на шампиони (ЛШ) ќе се соочи против Борусија Дортмунд и ќе се обиде да победи.
Милан мора да освои нови бодови за да остане во трка за пласман во нокаут-фазата, а тренерот Стефано Пиоли го кажа своето мислење пред натпреварот.
„Ќе ви кажам само едно, а тоа е дека Борусија во Дортмунд го имаше ‘жолтиот ѕид’, но тие знаат што ги чека на нашиот стадион. Сигурен сум дека нашите навивачи ќе ни помогнат да дојдеме до целта. Секогаш одиме на победа и мислам дека тимот го докажа тоа“, вели Пиоли.
Натпреварот меѓу Милан и Дортмунд се игра вечерва од 21 часот на „Сан Сиро“.