Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан загуби на домашен терен со 1-3 од Борусија Дортмунд и ги намали шансите за пласман во нокаут-фазата на Лигата на шампиони (ЛШ).
Тренерот Стефано Пиоли по натпреварот кажа дека навивачите имаат право да бидат лути.
„Го загубивме натпреварот, кога не можеш да постигнеш гол, ти се крши духот. Требаше подобро да се браниме. Сега мора да го победиме Њукасл, имаме мали шанси за осминафинале. Тешко ми е да пронајдам вистински зборови, мислам дека навивачите имаат право да бидат лути“, кажа Пиоли.
Дортмунд е лидер во групата со 10 бодови, ПСЖ има седум, додека Њукасл и Милан освоија по пет бодови.