Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е еден од најдобрите фудбалери на Наполи и минатата сезона помогна за освојување на Скудетото по долга пауза.
„Кориере дело спорт“ објави дека Елмас наскоро би можел да замине од Наполи, откако до калчолигашот пристигнала понуда од Лајпциг.
Лајпциг е подготвен да плати 25 милиони евра за македонскиот фудбалер, а неговиот потпис сака да го обезбеди уште во јануари.
Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис не е премногу заинтересиран за продажба на Елмас и сака да го задржи, па останува да видиме дали ќе го промени ставот во следниот месец.