Челси договори две засилувања за 180 милиони евра


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека Челси договорил две засилувања во јануарскиот преоден рок за сума од 180 милиони евра, а веќе се познати и нивните имиња.

Првото засилување треба да биде дефанзивецот од Спортинг Лисабон, Османе Диоманде кој има 20 години и ќе чини 80 милиони евра.

Челси ќе се засили и во нападот, а наводно ќе плати дури 100 милиони евра за Виктор Гјокерес која оваа сезона настапи на 20 натпревари, а притоа постигна 17 голови и осум асистенции.