Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вулверхемптон славеше со 2-1 против Челси во 18. коло од Премиерлигата, а сè можеше да биде поразлично доколку Рахим Стерлинг не беше себичен и постигнеше гол во првото полувреме.
Стерлинг украде една топка на својата половина и тргна кон голот на „волците“, при што имаше шанса „три на еден“ и доколку се решеше да додаде, тогаш шансите за погодок ќе беа поголеми.
Сепак, крилниот напаѓач реши да шутира директно во голманот на домаќините и така прокоцка огромна шанса.
Головите за победничкиот тим ги постигнаа Марио Лемина и Мет Доерти, додека за гостите погоди Кристофер Нкунку.