Де Лихт во 2024 година доаѓа во Премиерлигата!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Холандскиот дефанзивец Матијас де Лихт во моментов е надвор од конкуренција во Баерн Минхен и нема голема доверба кај тренерот Томас Тухел.

Де Лихт пред тешката повреда се споменуваше како еден од членовите на Баерн кои може да заминат и да ја наполнат касата на бундеслигашот.

Како негова следна дестинација се споменува Премиерлигата, а британски „Сан“ пишува дека фаворит за неговиот потпис е Арсенал кој во јуни 2024 година планира да испрати понуда.

Баерн за услугите на Де Лихт плати околу 70 милиони евра, но тој оваа сезона настапи само на 436 минути пред да се повреди, па Арсенал би можел да го добие за помала сума.