Челси има три опции за нов напаѓач


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


„Дејли Експрес“ објави дека Челси има три опции за напаѓач, а интересно е што тројцата фудбалери играат во Саудиска Арабија и сакаат да се вратат во Европа.

На листата со желби на „сините“ се Карим Бензема, Роберто Фирмино и Александар Митровиќ, па еден од нив би можел да се пресели во Челси.

Тренерот Маурицио Покетино сака искусен напаѓач во тимот откако Николас Џексон и Армандо Броја не ги оправдаа очекувањата.