Хабиб добил богата понуда за да се врати во УФЦ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот шампион во УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов веќе неколку години е надвор од рингот, но сега добил богата понуда за да се врати во спортот.

Борецот од Дагестан кажа дека не планира да се врати во рингот и посочи дека УФЦ 300 настанот ќе се одржи без него.

По оваа изјава на Хабиб се јави и Даниел Кормиер кој потврди дека пристигнала понуда од 40 милиони долари.

„Хабиб ми кажа дека одбил 40 милиони долари за да се врати во УФЦ. Не знам детали за тоа и колку борби му понудиле, само ни кажа дека понудата била 40 милиони долари“, откри Кормиер.